Претставници на Србија и на Косово во Минхен денеска потпишаа изјава за намери за обнова на железничкиот сообраќај меѓу Белград и Приштина. Спогодбата е потпишана во присуство на специјалниот американски претставник за преговорите меѓу Србија и Косово Ричард Гренел и претседателите на двете земји Александар Вучиќ и Хашим Тачи.
Потпишувањето на овој документ следува по минатомесечното потпишување на писмото за намери за обновување на авиолинијата меѓу Белград и Приштина. Таа спогодба беше потпишана со компанија Луфтханза, во Берлин. Гренел, покрај тоа што е специјален американски претставник за ова прашање, е и амбасадор на САД во Германија.