„Дивиот паркинг позади Зелен пазар моментно е во хаотична состојба и не е функционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски пазар. На ова неуредено паркиралиште ПОЦ ќе постави нов систем за контрола на влезно-излезни рампи, односно, едниот дел ќе биде наменет за товарните возила на пазарџиите, а останатиот дел ќе биде резидентен паркинг за жителите од улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин. Со отворање на ова паркиралиште, паркиралиштето Аутомакедонија целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови“, информираат за договорот од општина Центар.
На средбата на која учествувале градоначалникот Саша Богдановиќ, директорот на ПОЦ, Васко Кичевски и директорот на Скопски пазар, Младен Дамев, заедно со претставници на пазарџиите, се разгледувале доставените барања, како и нови ефикасни решенија кои се во интерес и на жителите и на трговците од Зелен пазар.