Штајнмајер ги обвини САД, Кина и Русија за небезбедноста во светот

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер порача дека меѓународната политика влегува во „мрачна доба“, за што се одговорни светските сили САД, Русија и Кина.

„Денеска сведочиме на се поголемата деструктивна динамика во светската политика. Година по година се одалечуваме од целта, меѓународната соработка за мир во светот“ рече Штајнмајер отворајќи ја безбедносната конференција во Минхен.

„Враќањето на националните интереси не води во слепа улица, во мрачни времиња“ истакна тој пред светските лидери собрани во главниот град на Баварска.

За небезбедноста и недовербата во светот ги обвини САД, Русија и Кина.

„Нашиот најблизок сојузник САД, под сегашната администрација ја отфрла идејата за меѓународна заедница “ додаде Штајнмајер.

За Русија рече дека воената сила и промената на границите во Европа повторно го сторила со политичко оружје. А Кина ја критикуваше дека меѓународното право го зема селективно, кога тоа и` користи на нејзините интереси.

Треба да знаете
Последни објави