До каде дојде една патриотска партија како ВМРО-ДПМНЕ да бара од една не Македонка, Еврејка, да ја брани македонштината, рече пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, за време на расправата за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
„Јас кога се борев за правата на Албанците, се борев сам и не барав од моите соседи не Албанци да се борат за тоа. И за тоа платив лично казна, 8 ипол години затвор“ рече Адеми.