Шпанските власти соопштија дека спасиле група од 86 мигранти, меѓу кои и бебе родено за време на патување на отворено море.
Службите за спасување на Канарските Острови објавија дека бебето и мајката се пренесени во болницата, како и уште три бремени жени, пренесува АП.
Мигрантите биле во три помали чамци и сите се чувствуваат добро.
Во јануари, во еден од мигрантските чамци, беше пронајдено мртво новороденче по потекло од Африка.