Германската полиција утрово изврши претрес на 13 локации, што се поврзани со пет осомничени лица дека формирале десничарска терористичка организација.
Терористичката организација планирала напади врз полицијата и припадниците на малцинствата.
Според германското сојузно обвинителство наводно петтемина формирале организација во септември 2019 година со цел да се наруши поредокот во Германија, а за постигнување на својата цел планирале напади врз политичари, баратели на азил и муслиманите, за да предизвикаат воена состојба.
Уште осум лица се под сомнение дека финансиски ја помагале групата, набавувале оружје и планирале да учествуваат во идните напади.