– Во последните десет години, се помалку двојки во Хрватска се одлучиле да стапат во брак. Според официјалната статистика минатата година склучени се 19.921 бракови, додека нивниот број во 2009 година изнесувал 22.382 бракови.
Според хрватскиот Државен завод за статистика во изминатата деценија најмалку бракови се склучени во 2013 година – 19.146.
Минатата година најниска стапка на склучени бракови забележени се во Истарската жупанија (3,8 на илјада жители).
Статистиката покажува и оти во периодот од 2009 до 2018 година зголемен е бројот на граѓански бракови, а пад бележат верски бракови. Во 2009 година, 36,5 проценти од браковите биле граѓански, а според најновите расположливи податоци за 2018 година, тој удел се искачил на 49,9 отсто. Според тоа, имало 50,1 проценти верски бракови во 2019 година.