Англискиот фудбалски прволигаш, Манчестер Сити доби двегодишна суспензија од Лигата на шампионите и парична казна од дури 30 милиони евра од Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Дисциплинците при УЕФА одлучија дебелот да го казнат премиерлигашот, а причините за тоа се сериозни прекршувања на финансискиот фер-плеј и правилата на УЕФА за лиценцирање. Оваа казна дефинитивно е голем удар на „граѓаните“ кои имаат право да се жалат до Судот за спортска арбитража во Лозана.
Од Сити веќе се огласија и порачаа дека се разочарани, но ни и изненадени, па притоа порачаа дека ќе направат се за да докажат дека се чисти, а за тоа ќе ја искорисат секоја опција која им е на располагање.