Градиме развојна економија, наша цел е минимална плата од 18.000 денари до крајот на новиот мандат

СДСМ успешно ги реализира економските политики, посветени на тоа како да ги вратиме парите кај граѓаните.
Ние во СДСМ не зборуваме на памет, туку изнесуваме факти и бројки кои потврдуваат дека сме на прав пат во зајакнувањето на економскиот потенцијал и подобрувањето на финансиските перформанси на државата и на граѓаните.
Во скратениот мандат од две и пол години, ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари и сме на прагот од ветените 16.000 денари кои ќе ги остваревме доколку имавме цел мандат. Но затоа, по изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат ќе ги надминеме и тие 16.000 денари. Нашата цел е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари. Со разумно и одговорно работење, оваа цел е реална и остварлива.
Просечната плата порасна за 3.100 денари денари за само две години и изнесува 25.757 денари. Ветените 30.000 денари просечна плата ќе ги реализираме наскоро, како резултат на сите мерки и политики кои ги преземаме во економијата.
Во скратениот мандат успеавме да ги зголемиме платите на вработените во образованието за 21 отсто, а на оние во научните установи за 25 проценти. Платите на здравствените работници ги зголемивме со историски суми – со следната плата лекарите специјалисти ќе имаат за 40 отсто повисоки примања, општите лекари за 25 отсто, сестрите за 20 проценти, како и здравствените соработници за 15 отсто.
Месечни приходни зголемени за 23 проценти обезбедивме за социјалните работници. За 16 проценти пораснаа платите на вработените во градинките каде што отворивме и многу нови работни места.
Покуси не ги оставивме ниту вработените во армијата и полицијата. И нивните плати бележат пораст од 20, односно од 30 отсто. Дополнително, војниците имаат по 7.000 денари  плус за станарина.
Паралелно со зголемените плати во јавниот растат платите и во приватниот сектор. Со субвенционирање на придонесите на плата, преку 106.000 работници во приватниот сектор добиваат повисоки плати. Сето тоа придонесува за зголемен финансиски капацитет на граѓаните, платени сметки, планирање на иднина и сигурност.
Економските политики на СДСМ направија огромен раст на БДП за над пет проценти, или од минус 1.8 се искачивме на 3.6 проценти. Отворивме 60.000 нови работни места што е рекорд за толку кратко време и ја намаливме невработеноста на 17.1 отсто што незапаметена бројка во историјата. Со вакво темпо, очекуваните инвестиции по влезот на државата во НАТО, до 2024 година стапката на невработеност ќе ја намалиме под 10%.
За две години потпишавме договори за 34 домашни и странски инвестиции во износ од 740 милиони евра. Се изградија 12 нови фабрики, а се градат уште 22.
Почитувани
Сето изнесено се факти и бројки. Затоа можеме со право да тврдиме дека ние за две и пол години направивме драстично повеќе од режимската власт на ВМРО ДПМНЕ за 11 години. Членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија ќе не направат економски посилни и финансиски постабилни.
До крајот на 2024 година ќе имаме стапка на невработеност под 10%, минимална плата од 18.000 денари, развиена економија базирана на здрави темели, среќни и горди работници и мотивирани работодавци и инвеститори. Затоа продолжуваме по правиот пат заедно со граѓаните.
Треба да знаете
Последни објави