Патниците од авион на компанијата „Пегасус“, Боинг 737-800, попладнево итно беа евакуирани откако авионот слета на аеродромот во Дизелдорф. Патниците во паника се фрлаа од авионот за побрзо да се симнат.
Според информациите, евакуацијата била наредена поради прегревање на сопирачките и забележани искри од тркалата на леталото.
Чадот го забележале контролорите на АТЦ, кој излегувал од тркалата, па била донесена одлука за итна евакуација на патниците.
https://www.facebook.com/HavaSosyalMedya/videos/569694843616884/?t=1
„Авионот, на летот PC1003, од Сабиха Гакчен до Дизелдорф, денес слета непречено и безбедно на аеродромот Дизелдорф. За време на приближувањето кон паркирањето, од кулата беше предупредено дека под авионот има пожар и чад. Нашата екипа на летот донесе одлука за итна постапка за безбедност на нашите патници“ соопшти компанијата.
Нема информации за бројот на патници и од која националност биле тие.