Во пожар што изби во Дом за деца без родители во близина на главниот град на Хаити, Порт о Пренс загинаа 15 деца.
Помеѓу жртвите се седум бебиња и шест деца на возраст од 10 до 11 години, јави „АП“.
Воспитувачката во Домот, Роз-Мари Луи изјави дека на пожарникарите им требало еден час да пристигнат со местото на несреќата.
Пожарот бил предизвикан најверојатно од свеќи, кои се користеле поради дефект во интерниот систем за електрично напојување.