Курти нема да има средба со претставници на САД додека не ги укине царините

Приштинска Газета експерс оценува дека со своите негативни оценки за двата договори на Приштина и Белград новиот косовски премиер Аљбин Курти „тргнал во нови директни конфронтации со САД“.

Тие оценуваат дека тој тоа го прави со инсистирање на царините или реципроцитетот.

Извори на приштинскиот весник од Безбедносната конференција во Минхен изјавиле дека Курти ја им затвора вратата на главниот косовски сојузник, бидејќи американскиот државен секретар Мајк Помпео и специјалниот претседавни за дијалогот Приштина-Белград одбиле да се сретнат со него.

„Ниту еден висок американски функционер не сака да се сретне со Курти без укинување на царините на производите од Србија и БиХ“, вели изворот на Газета и додава дека за Вашингтон се неприфатливи ставовите на Курти за реципроцитет и отфрлањето на двата договори постигнати со Белград.

Газета јавува дека Курти во Минхен побарал да се сретне со Помпео и Гренел, но дека нивниот одговор бил негативен.

Треба да знаете
Последни објави