– Тимот на САД беше подобар од екипата на Светот со 151:131 во мечот на Ѕвездите во подем со кој почна Ол стар викендот во „Јунајтед Центар” во Чикаго.
Наградата за МВП во натпреварот насловен како „Rising Star” ја понесе кошаркарот на Шарлот Мајлс Бриџс кој воедно реализира 20 поени, по пет скока и асистенции и три „украдени” топки.
Во 2018 година, тој беше избран како 12-ти пик на Лос Анџелес Лејкерс и веднаш беше разменет со хорнетси.
Најефикасен, пак, во победничкиот состав беше Ерик Паскал со 23 коша, прв стрелец кај „странците” во НБА лигата беше Канаѓанецот Ер Џеј Берет со 27 поени.
Во недела наутро се закажани натпреварите во тројки и во забивање, а главниот натпревар во Ол стар спектаклот е во понеделник наутро во два часот.