Непријатна вест за македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски – Мрме стигнува од Италија, пред полуфиналниот меч од Лигата на Нации со Косово кој ќе се игра на 26 март во Скопје. Капитенот и прв стрелец во дресот на македонската репрезентација, искусниот Горан Пандев го повреди коленото.
Тој денеска по само 13 минути поминати на теренот во дресот на Џенова на гостувањето во Болоња кај истоимениот калчолигаш мораше да биде заменет поради повредата која ја здоби при еден удар уште на самиот почеток од мечот.
Според информациите од Италија, Пандев по ударот останал во игра, но не издржал многу и во 13-та минута побарал замена. Засега нејасно е за каков проблем станува збор и колку е сериозна таа повреда, која доаѓа во најлош момент кога лидерот на оваа репрезентативна генерација која е на два чекори од историски пласман на ЕП-2020, игра во одлична форма за својата Џенова.
Неизвесноста ќе тра се додека не бидат направени детални лекарски прегледи, по кои ќе се знае од каков вид е повредата и колку ќе паузира Пандев.