Еибар и Реал Сосиедад нема да го играат утрешното баскиско дерби во рамките на шпанската фудбалска Примера. Средба е одложена поради загадениот воздух.
Пожар на депонија во близината на Еибар ги загрижи локалните власти кои утврдија многу лош квалитет на воздухот во големо опкружување, па токму ова е и причината за одложување и на фудбалскиот натпревар.
Двајца работници исчезнале од почетокот на пожарот, а локалните здравствени институции препорачале одложување на сите спортски натпревари и друг вид јавни настани поради токсините кои биле утврдени во воздухот во петокот.
Клубовите потврдиле дека одлуката за одложување на мечот е донесена заедно со шпанската федерација, а Еибар и Реал Сосиедад следната недела ќе знаат кој ќе биде нов термин.