– Јувентус, според Јирген Клоп, е главен фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампиони. Германецот на клупата на Ливерпул, кој го брани тронот оваа сезона, истакна дека „црвените” ќе вложат максимални напори да го задржат трофејот, но не е сигурен дека ќе успеат во тоа.
– Не знам дали можеме да ја одбраниме титулата, но подготвени сме за борба до самиот крај. Минатата сезона покажавме дека можеме да ги победиме најдобрите, меѓутоа во нокаут фазата има многу квалитетни екипи чија цел е трофејот. На тоа сега нема да размислуваме, фокусираме сме само на мечот со Атлетико во Мадрид”, рече Клоп.
Тој наведе неколку тимови што ги гледа како потенцијални освојувачи на престижното натпреварување на
УЕФА, но, меѓу нив, го издвои Јувентус.
– Тие имаат најмногу фудбалери. Никога во животот не сум видел екипа со толкав број на играчи. Се чудам како не се убедливо први во Серија А со десет бода разлика. Баерн, исто така, е во самиот врв, ПСЖ, не треба да се заборави Барселона, ниту Манчестер сити”, додаде германскиот менаџер.