Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на границата помеѓу Кина и Киргистан.
Епицентарот на земјотресот бил на 242 километри југоисточно од Алмати, на длабочина од пет километи, пренесе „ТАСС“.
Досега нема извештаи за евентуално настрадани лица и причинета материјална штета.