За мене лично, Мизрахи беше одличен избор, но во однос на државата нејзиното однесување е неприфатливо. Нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и на граѓаните, рече премиерот Оливер Спасовски, реплицирајќи и на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Велите дека вистинската причина била зашто некој имал страв од Мизрахи. Лично, како политичар, за мене беше преубаво Мизрахи да остане до крај, да не се разреши и да продолжи со работата зашто СДСМ да бираше, немаше да избере ваков министер, но од аспект на државата не е прифатливо и нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и на граѓаните, истакна Спасовски.
Додаде и дека разговарал со Мизрахи, дека и дал шанса.
-Таа рече дека ќе демантира дека лошо била разбрана. Но, потоа даде демант во кој рече дека ќе плати 5.000 евра казна ама нема да ја смени таблата. Е затоа е предлогот за нејзино разрешување, нагласи премиерот уште еднаш посочувајќи дека разрешувањето не е ниту порати тоа што Мизрахи е жена или Еврејка или дека верува во една, друга или трета вера.
Спасовски и порача на Затуроска дека таа најмалку може да зборува за демокртски капацитет на Влада.
-Вие шест месеци го одлагавте формирањето на владата, а со ВМРО-ДПМНЕ учествувавте во организирањето напад кој можеше да заврши со убиство во овој Парламент, рече Спасовски.
Затуроска рече дека со предлогот за разрешување на Мизрахи се прави циркуз и обид за одложување на изборите поради страв од пораз.
Претходно, во текот на расправата која почна во 22:00 часот, ВМРО-ДПМНЕ го квалификува предлогот за разрешувањето на Мизрахи како шовинистички чин и побара негово повлекување.