Во пресметката за четвртата позиција во италјанската Серија А која носи настап во фудбалската Лига на шампионите, Аталанта со пресврт ја среди Рома (2-1) и сега е многу блиску до потврдување на ова место. Во дербиот на 24. коло во Серија А, во Бергамо, Рома поведе преку Един Џеко во 45 минута, но во второто полувреме Аталаната за само 14 минути со погодоците на Хозе Паломино и на Марио Пашалиќ го реши победникот. Хрватот Пашалиќ само што влезе во игра во 59 минута, при првиот допир со топката го постигна победнички гол.
Сега Аталанта која е на четвртто место има предност од шест бода пред Рома.