– Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вечерва на Фејсбук објави дека Законот за Советoт на јавни обвинители требаше да се гласа со Бадинтерово мнозинство, а не како што објави на ФБ координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески дека овој закон не спаѓа во група закони што се носат со двојно мнозинство.
-Оној стенограм и гласање што ги споделува се од време кога со Законот за Советот на СЈО не се регулираше употребата на јазиците и следствено на тоа, не се ни гласаше со БАДИНТЕР… Но, во денешниот Закон како прв член ја регулираат употребата на јазиците, а тоа повлекува друга постапка… Тоа што прифатија се што им текна на колегите Албанци за овој Закон, не е проблем за мене, туку покажува колку очајно на СДСМ му требаше овој закон за амнестија на се што сторија минативе години…, напиша на својот фејсбук профил Димовски.
Тој вели дека Митрески треба да знае дека Уставот е највисок акт.
– Без разлика што учествуваше во неговото менување, Уставот и за него, и за колегата Талат важи и понатаму. Законот за Комитетот за односи помеѓу заедниците во членот 11, став 4, што и овој колега и неговиот сопогазувач на Деловник и Устав Талат Џафери, го кријат и избегнуваат го вели истото дека сите идни закони кои ќе регулираат прашања за јазикот на заедниците ќе се гласа со БАДИНТЕР… Талат сам си најави дека овој закон се гласа со БАДИНТЕР. Тоа што заборавил, намерно или не, е ваша и негова работа…, пишува Димовски на ФБ