Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција ги повика сите граѓани кои се за правда, правичност и силна правна држава да се приклучат на утрешниот марш за правда „Чекориме за правда” во организација на СДСМ.
„Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Денешната победа нека биде мотив, заедно да постигнеме многу повеќе. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава. Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, утре – понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот “Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот Се гледаме утре во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда” повика Заев.
„Заедно ќе продолжиме напред со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ, заклучи Заев.