Каролин Флек, поранешната водителка на британското риалити шоу „Лав Ајланд“, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Таа имаше 40 години.
Веста за смртта ја потврди нејзиното семејство, а Би-би-си пишува дека водителката си го одзела животот.
„Можеме да потврдиме дека нашата Каролин почина денеска на 15 февруари. Ве молиме за приватност во овие тешки моменти и ги молиме медиумите да не се обидуваат да не контактираат или фотографираат“ стои во соопштението од нејзиното семејство.
Каролин ја водеше и британската верзија на шоуто „Икс Фактор“. Местото водителка на „Лав Ајланд“ го загуби откако беше уапсена зошто физички го нападнала својот 13 години помлад дечко, Луис Бартон, поради порака која ја нашла во неговиот мобилен. За неколку недели требала да се појави на суд поради инцидентот.
На социјалните мрежи, од водителката се опростуваат колеги и пријатели.