Само 6 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласале против Законот за Јавно обвинителство ( фото)

Законот за Јавно обвинителство на денешната 135-та седница доби поддршка од 80 пратеници, а само шестмина беа против од присутни 116 пратеници. Тоа се Зоран Илиоски, Дафина Стојаноска, Лилјана Кузмановска, Ане Лашкоска, Магдалена Манаскова, Слаѓана Митовска.

Малку пред тоа 74 пратеници гласаа „за“ законот, што не беше доволно за двотретинско мнозинство, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери го поништи гласањето.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара да важи првото гласање, а Џафери рече дека морал да ги испочитува повиците на дел од пратениците кои се пожалиле дека не им бил регистриран нивниот глас, по што даде еден час пауза на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави