СДСМ: Успешните економски политики на СДСМ продолжуваат, минимална плата од 18.000 денари до крајот на новиот мандат

СДСМ успешно креира и реализира економски политики насочени кон јакнење на економскиот потенцијал и подобрување на финансиските перформанси на државата и на граѓаните.

Во скратениот мандат од две и пол години, ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари.

Нашата цел е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари.
Просечната плата за само две години порасна за 3.100 денари денари и изнесува 25.757 денари. Ветените 30.000 денари просечна плата ќе ги реализираме наскоро, како резултат на сите мерки и политики кои ги преземаме во економијата.
Во изминатите 2,5 години покажавме дека можеме и умееме. Економските политики на СДСМ ја извлекоа економијата од минус, БДП порасна за повеќе од пет проценти, односно од минус 1,8%, се искачи на 3,6%.
Отворивме 60.000 нови работни места што е рекорд за толку кратко време и ја намаливме невработеноста на историски најниска стапка од 17.1 отсто.
СДСМ успешно ги реализира економските политики, посветени на враќање на парите кај граѓаните.
Граѓаните тоа го гледаат и затоа по 12 април, продолжуваме по правиот пат.

 

Треба да знаете
Последни објави