Упатувам јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална политика во техничката влада.
Го повикувам раководството на партијата да се издигне на нивото на моментот и да покаже одговорно однесување.
Да го стават интересот на државата и на граѓаните во прв план и со предлог за нов министер за труд и социјална политика да земат учество во организација и спроведување слободни, демократски и фер избори и со тоа да го дадат својот придонес за остварување на европската интеграција на Северна Македонија.
Во овој момент кога имаме позитивна најава дека ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за почеток на преговорите, потребно е одговорно однесување и од ВМРО-ДПМНЕ.