Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу повика на постојан прекин на огнот во Идлиб, Сирија.
„Ние им порачавме дека е неопходно да запрат нападите и да се обезбеди постојан прекин на огнот во Идлиб“, рече Чавушоглу, коментирајќи ги вчерашните разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Чавушоглу го изјави ова на прес-конференција на маргините на безбедносната конференција во Минхен, пренесе „ТАСС“.
За итен крај на конфликтот во сириската провинција Идлиб вчера телефонски разговараа претседателите на Турција и на САД, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп.