– Законот за Советот на јавни обвинители не спаѓа во група закони што се носат со двојно мнозинство, напиша на Фејсбук координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на Фејсбук.
-На колегата кој е еден од поголемите познавачи на законите и процедурата не му забележувам. Знам која му е целта… За граѓаните да немаат дилема во прилог ја ставам листата на закони кои се носат со двојно мнозинтво според Законот за комитетот за односи меѓу заедниците, а таму не е Законот за совет на јавни обвинители. Во Собранието исто така има еден уште поголем познавач на процедурите и законите кој најдолго време бил претседател на институцијата. Затоа, во прилог еден стенограм кога водел седница кога се менувал законот за совет на јавни обвинители каде се гледа дека нема двојно гласање. За амандманот 30 став 3 и 8 од Уставот во некоја следна прилика… Според тоа, Ви посакувам добра ноќ”, напиша Митрески.
Тој на својот Фејсбук профил сподели листа на закони кои се носат со двојно мнозинство.