– Претседателот на Европски совет Шарл Мишел пред средбата со лидерите на Европска Унија и на Западен Балкан во Брисел изјави дека состанокот е посветен на стратешката расправа за заедничките цели на ЕУ и на Западен Балкан.
– Ќе разговараме за начините за продлабочување на партнерството на ЕУ и Западен Балкан. Ќе ја потврдиме европската перспектива на регионот и ќе дадеме јасни насоки за неопходниот напредок во областите – владеење на правото, борба против корупцијата и организираниот криминал, истакна Мишел.
Тој е домаќин на вечерата во Брисел на која присуствуваат и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија земја претседава со ЕУ.
Пред почетокот на вечерата Фон дер Лајан истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија и оти се надева дека Северна Македонија и Албанија можно е да почнат преговори пред Самитот на ЕУ во Загреб.
– Од друга страна создаваме одлична перспектива за земјите од Западен Балкан со текот на времето земјите да станат членки на ЕУ. Исто така сакаме да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб. За самиот Самит подготвуваме пакет за инвестирање и искрено се надевам дека СЕ ќе даде зелено светло, посочи фон дер Лајен.
Додека Борел изрази задоволство поради донесувањето на Законот за јавно обвинителство во Северна Македонија.
– Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека (Северна Македонија) има волја да направи се што е потребни за земјата да има европска перспектива, посочи Борел.
Тој додаде дека денеска и утре ќе се разговараа за Европскиот совет да ја отвори вратата за европската перспектива на регионот.