Повеќето автомобили забранети на патиштата во кинеската провинција Хубеи

Возилата кои не се за итни случаи не треба да се движат по патиштата во кинеската провинција Хубеи, жариштето на епидемијата на Ковид-19, стои во указот што денеска го објави Владата на Кина.

Единствени исклучоци ќе бидат амбулантните возила и возилата кои превезуваат неопходни работи.

Сите приватни патувања со автомобил ќе бидат забранети во провинцијата со околу 60 милиони луѓе, која веќе со недели е затворена во карантин во обид да се контролира ширењето на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави