Српскиот кошаркарски репрезентативец од редовите на НБА-лигашот Денвер, Никола Јокиќ беше во елемент за време на ол-стар мечот и по него. Јокиќ во изјава се пошегува дека му ја „украле“ МВП титулата.
– Уживав минатата година, уживам и оваа. Го сакам тоа што сум тука со момците… Ми ја ’украдоа’ МВП наградата. Ама не ми пречи, ќе се вратам следната година… Дадов два коша, го сменив текот на натпреварот, јас и Рас (Расел Вестбрук) и тоа како резервисти…“, изјави Србинот.
https://youtu.be/OWIUzH8XDXs
Јокиќ беше дел од тимот на Леброн Џејмс, кој го победи составот предводен од Јанис Адетокумбо (157:155) каде Србинот одигра околу 11 минути и имаше скор од пет постигнати поени, два скока и по една асистенција и украдена топка.