– Најмалку 10 лица, меѓу кои и двајца полицајци денеска загинаа во самоубиствен напад врз полицијата во Кета, во пакистанската провинција Белуџистан.
При нападот повредени се 35 луѓе.
– Бомбашот самоубиец планирал да го активира експлозивот што го носел на себе на собир на верници, но се разнел кога го запрела полицијата, изјави полицискиот началник во Кета, Абдул Чема.