Окружниот суд во Унгарија осуди српски државјанин на три години затвор, поради шверц на луѓе.
Осудениот претходно овој месец се обидел да криумчари шест мигранти од Сирија преку унгарско-австриската граница, соопшти денеска портпаролот на судот.
Како што пренесува МТИ, судот му забранил и влез во Унгарија по отслужување на казната затвор.