Со Законот за ЈО, не застаруваат и предметите во истрага на СЈО

Фактот дека Законот за јавно обвинителство продуцира правда и праведно општество е поткрепен со уште еден аргумент во прилог на тоа дека, не само предметите на СЈО кои се во судска процедура, односно имаат обвинителни акти пред 30 јуни во 2017 година, туку во игра се враќаат и досиејата на СЈО кои се во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30 јуни во 2017 година обвинителско-судските институции не смеат да преземаат ништо- пишува Нова ТВ.

Имено, сите предмети кои произлегоа од прислушкуваните материјали кои ги обработуваше СЈО и по кои обвинителството започнало предистражна постапка, отворило истраги или поднело обвиненија после 30.06.2017 година, како и постапките за нив, продолжуваат без можност да се негираат пред ниеден суд. Факт е дека Врховниот суд со начелниот правен став од јануари 2019-та сите овие постапки ги негираше, повикувајќи се на изминатиот рок од 18 месеци од законот за СЈО и донесе обврзувачко правно мислење за своите совети дека за овие постапки СЈО не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија.

Во одлуката на Врховниот суд, кој беше под водство на Јово Вангеловски, се наведува: „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за СЈО, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“.

Според ова, сите предмети кои ќе стигнеа во Врховниот суд, кои ги започнало СЈО, а не поднело обвинение до 30.-ту јуни, 2017- та ќе беа поништени од страна на Врховниот суд на РСМ. Овде станува збор за предметите како што се „Талир 1“ и „Талир 2“, за кои обвинението е и на правна сила, потоа „Скопје 2014“, „Патарина“, „Актор“, „Моќник“, „Империја“, „Попис“, „Поштенска банка“, „Гасовод“ и други за кои се спроведува истражна постапка и сигурно и многу предистраги кои ги започнало СЈО, а кои согласно Законот за кривична постапка се тајни.

Треба да знаете
Последни објави