Сириските одбранбени сили соборија дронови во близина на рафинеријата за нафта во Хомс, што е оддалечена 165 километри од Дамаск.
– Терористите планираа да ја нападнат рафинеријата со беспилотно летало, но сириските безбедносни пресретнаа и соборија пет дронови, објави сириската новинска агенција САНА.
Рафинеријата за нафта во Хомс е водечка компанија на сириската нафтена индустрија, што во 2018 година е надградена со руска технички поддршка.
Терористите синоќа се обиделе со дронови да ја нападнат регионалната термоелектрана во градот Марде во провинцијата Хама, но биле сопрени пред да предизвикаат поголема штета.