Гваидо својата тринеделна турнеја низ Европа и посетата на американскиот претседател, Доналд Трамп, во Белата куќа ја заврши со лет до Каракас со компанијата „ТАП Ер Португал“, а со него бил и неговиот вујко.
Властите во Венецуела го уапсиле вујкото на Гваидо на аеродромот обвинувајќи го дека се обидел да внесе експлозив во земјата.
Потпретседателката на државата, Делси Родригез, соопшти дека летовите на португалската авиокомпанија во земјата и надвор од неа се суспендирани на 90 дена, а од Министерството за транспорт соопштија дека отвориле истрага за сериозно кршење на локалните прописи.
„Венецуела мора да се почитува“, напиша Родригез на „Твитер“.
Од авиокомпанијата соопштија дека работат во согласност со сите законски и безбедносни процедури и дека не ги разбираат причините за суспензија.
„Ова е сериозна мерка што им штети на нашите патници, без притоа компанијата да добие шанса да се спротистави на обвинението“, соопштија од ТАП, пренесе Ројтерс“.
Народното собрание на Венецуела го прогласи Гваидо за привремен претседател на државата откако му изгласа недоверба на Николас Мадуро. Гваидо положи заклетва на 23 јауари 2019 година.