Атлетико Мадрид победи со 1-0 против Ливерпул во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите, одигран на стадионот „Ванда Метрополитано”.
Одличниот почеток на избраниците на Симеоне, резултираше со гол по само четири минути игра. По еден корнер на Коке, Фабињо реагираше лошо и му „асиситраше“ до Саул Нигез, кој без многу проблеми ја смести топката зад грбот на Алисон, за голема радост во Мадрид и водство на Атлетико од 1-0.
За сите 90 минути, европскиот шампион не успеа да упати ниту еден прецизен удар кон Јан Облак, додека Шпанците имаа добра шанса за втор погодок, но не ја искористија.
Реваншот на „Енфилд” ќе се одржи на 11 март.
Борусија Дортмунд пак оствари победа со 2-1 над Париз Сен Жермен во првиот судир од осминафиналето на Лигата на шампионите.
This angle of the Erling Braut Håland's goal is AMAZING!
The sound when the ball hits the back of the net is so, so satisfying 👌
Watch 360° highlights and instant replays of EVERY goal on the BT Sport app 📲 pic.twitter.com/sA3Gcvibow
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 18, 2020
Радост за преполниот „Сигнал Идуна Парк“ донесе младиот Ерлинг Халанд во 69. минута од средбата. Норвежанецот добро се снајде и искористи пад на концентрацијата од одбраната на ПСЖ за лесна реализација.
Сепак, Нејмар брзо го прекина славјето на домашните фанови кога доби топка како сервирана и израмни во 75. минута. Килијан Мбапе како брз воз мина покрај тројца одбранбени играчи, па го проигра осамениот Бразилец на петерецот кој стрелаше за 1-1.
Голеадата ја надополни Борусија која одново дојде во предност само две минути по израмнувањето. Нововлезениот 17-годишник, Џовани Реина повлече контра напад, го проигра Халанд, а норвешкото чудо постигна еврогол од преку 20 метри.