Судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за корупција ќе почне на 17 март, две недели по изборите, соопшти денеска Министерството за правда.
Како што се наведува во соопштението, Нетанјаху ќе мора да присуствува на рочиштето на кои ќе биде прочитано обвинението против него.
Нетанјаху го негира обвинувањето и кон крајот на минатиот месец изјави дека го повлекува барањето за добивање на имунитет во Парламентот од кривично гонење поради обвиненијата за корупција.
Израелскиот премиер во ноември минатата година беше обвинет за измама, злоупотреба на довербата и земање на мито во три случаи поврзани со трговија на политички услуги во замена за позитивно известување за него во медиумите и земање на мито од богати пријатели.