Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши во редовна постапка само за граѓани на кои им е неопходен и за итни случаи. Критериумите за приоритет во наредниот период ќе бидат неодложно лекуваат во странство, бизнис-активности, на работници кои работат во странство, за професорите и експертите кои треба да учествуваат ба меѓународни конгреси, студенти во странство и слично. Ова МВР синоќа го расправало на итен состанокм бидејќи во моментов има петнаесетината илјади баратели, а на располагање има само четири илјади обрасци за пасоши.
Во моментов дневно има 700 барања за овој документ, а итната постапка за вадење патната исправа е во „мораториум“.