Полусестрата на војвотката Меган тврди дека таа е љубоморна на војвотката Кејт

Саманта Маркл, контроверзната полусестра на војвотката од Сасекс Меган  повторно ѝ се нафрли на отуѓената сестра со тврдења дека Меган намерно го објавила планот на сопругот, принцот Хари, да се повлечат од кралските должности во пресрет на 38-от роденден на Кејт на 9 јануари затоа што сакала да го уништи нејзиниот посебен ден.

Во изјава за „Дејли стар онлајн“, Саманта рече: “Тажно е што тоа го стори на роденденот на Кејт – верувам дека била љубоморна на убавата Кејт. Таа никогаш не може да се споредува со неа – Кејт е икона!“

 

„Совршен материјал за кралица, прекрасна како член на семејство, особено како мајка,“ вели Саманта, постара полусестра на војвотката Меган.

„Бев импресионирана од тоа како Кејт може да направи фустан од 200 долари да изгледа како од два милиони долари“.

Минатиот јули – шест месеци пред кралскиот пар да го соопшти нивниот план да поминуваат повеќе време во Америка – се појави снимка на која Хари (35) зборува  со директорот на „Дизни“ Боб Игер на лондонската премиера на „Кралот лав“ (The Lion King), еден од најпопуларните анимирани мјузикли на „Дизни“.

Принцот наводно, побарал од шефот на франшизата да ѝ даде некој ангажман на сопругата Меган затоа што таа била многу заинтересирана за работа.

Саманта остро ја критикува Меган велејќи дека таа му се понудила на „Дизни“ во обид да добие работа од нив.

„Потегот за Дизни би бил во ред ако беше инициран по напуштањето на кралските должности, но се чини несоодветен предвреме. Тоа е непочитување на кралскиот протокол. Тоа е како да изневерувате сопружник и да давате телефонски број за романтична вечера пред да се разведете,“ вели Саманта.

Откако решија да се оддалечат од кралското семејство, Меган и Хари се преселија во Канада со нивниот син Арчи, девет месеци, а пријателите веруваат дека одлуката уште повеќе ги зближила.

Еден извор неодамна рече: “Тие се занесени и многу слатки еден со друг. Арчи е приоритет. Најважно од сè им да се грижат за него и да го постават семејството на прво место. Тој е среќно дете – сака да се смее. Арчи и Хари поминуваат многу време заедно и супер им е. Меган е одлична мајка.Таа многу сака да се грижи за Арчи. И Меган и Хари преферираат нормален начин на живот. Се обидуваат да го живеат животот како нормални родители.“

 

Треба да знаете
Последни објави