Агентите на Казахстанскиот комитет за национална безбедност осуетиле неколку терористички напади и уапсиле двајца следбеници на деструктивен верски култ кои ги планирале, соопшти прес-службата на комитетот, пренесува ТАСС.
„На 14 февруари, Комитетот за национална безбедност на Република Казахстан уапси двајца следбеници на деструктивен верски култ во Алмати и ги стави во притвор со овластување од судот“, се вели во соопштението.
„За време на истражните мерки во нивното живеалиште, полицајците заплениле импровизирана експлозивна направа, компоненти за нејзино производство, оружје и смартфони со фотографии и видео од наводни цели“, се вели во соопштението.