Најмалку 23 лица загинаа во стампедо во камп во Нигер кога нигериските бегалци се обиделе што поскоро да дојдат до храна и облека. Локалните власти за Ројтерс изјавија дека бегалците стоеле во ред кога пристигнала пратката со храна.
Би-би-си наведува дека меѓу жртвите има жени и деца и дека бегалците, покрај храната, требало да добијат и пари.
Според ООН, речиси 250.000 раселени лица од соседна Нигерија живеат во Дифа.Многумина од нив побегнале пред нападите на екстремистите Боко Харам и другите вооружени групи во Нигерија.