Шпанскиот фудбалски тим Атлетико Мадрид го објави списокот со фудбалери за вечерашниот (21 ч.) прв натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, на „Ванда Метрополитано” против Ливерпул.
Надвор од тимот се играчите од средниот ред, Жоао Феликс и Хектор Херера, како и дефанзивецот Киран Трипиер. Напаѓачот Диего Коста, кој не играше од ноември, се враќа во комбинација за составот на тимот на Диего Коста.