– Зоран Милановиќ денеска положи заклетва и стана петтиот претседател на Хрватска. Тој при инаугурацијата парафразираше песна од култната белградска група Екатерина Велика (ЕКВ), објавија хрватските медиуми.
– Оваа е куќа за нас. За сите нас. За нас кои сме тука, за генерациите кои доаѓаат и за оние кои доаѓаат и за тие кои ќе се вратат во својата куќа, истакна Милановиќ.
Хрватскиот портал Индекс истакнува дека реченицата „оваа е куќа за нас” е стих од песната „Земја” на ЕКВ.
Песната „Земја” на ЕКВ почнува со стиховите „Ова е земја за нас, ова е земја за сите наши луѓе, оваа е куќа за нас, ова е куќа за сите наши деца”…
Хрватските аналитичари говорот на Милановиќ го оценија како соодветен и балансиран.
Аналитичарот Давор Ѓенеро на прашањето дали Милановиќ употребил израз од песна на српска рок група, тој наведе дека не е невообичаено претседател да зборува со модерен јазик. Според него Милановиќ испратил порака и надвор од Хрватска.
– Треба да се знае дека ова инаугурација се следи со повеќе внимание во Белград отколку во Хрватска. Милановиќ испрати порака до граѓаните на Србија дека тоа што го мисли за Вучиќ не се однесува на државата Србија и нејзините државјани, посочи Ѓенеро за „Јутарњи лист”.