Апелацискиот суд во Хаг ја поништи претходната одлука на Окружниот суд и објави дека Русија е должна да им исплати повеќе од 50 милијарди американски долари на поранешните акционери на „Јукос“, пренесува ТАСС цитирајќи ги документите објавени на веб-страницата на судот.
Во 2014 година, меѓународната арбитража донесе одлука Русија да плати милијарди долари како надомест за штета на поранешните акционери на „Јукос“. Русија се обрати до Окружниот суд во Хаг и побара да се отповика таа одлука и судот донесе одлуката во корист на руската страна.
Сепак, Апелацискиот суд во Хаг одлучи дека претходната пресуда е погрешна. Ова значи дека одлуката на меѓународната арбитража повторно ќе стапи на сила.
Судот додаде дека Руската Федерација сè уште има можност да се жали против решението до Врховниот суд на Холандија.