Криминалното владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски останува запаметено по грабежот од граѓаните, економскиот пустош, кога компаниите беа предмет на казни, насилни преземања, кога имаше „пиштење-вриштење” и „со хилти се влегуваше” во приватни компании.
За тие 11 режимски години кога извршителот Христијан Мицкоски му беше советник на неговиот шеф Никола Груевски, се затворија над 10.000 компании.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски само го продолжуваат патот кој им го трасираше Никола Груевски . На нивното лицемерие и лажна загриженост им нема крај.
Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата – кочничар која беше против носењето на новите законски решенија за повисока минимална плата, раст на платите и пензиите, а како последно и е кочењето на растот на платите во високото образование за 10% што ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира во Собранието.
За разлика од таквиот однос СДСМ за само две и пол години покажа што значи вистинска грижа за економијата и за домашните компании.
Преку фондот за иновации и технолошки развој, досега поддржавме 314 компании со 57 милиони евра. Тоа е 57 пати повеќе отколку во 2017 кога триесеттина компании биле поддржани со само 1 милион евра.
Со новиот Оперативен план за вработување за 2020 година со рекорден буџет од 1,4 милијарди денари дополнително ќе се зголеми поддршката кон домашната економија.
СДСМ покачува плати, пензии, економијата расте, отворени се над 60.000 нови работни места а невработеноста е намалена на досега најниски 17%.
ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски ниту како власт ниту како опозиција не се грижат за граѓаните и приватните компании, се грижат само парите да завршуваат во белиот дворец и џебовите на фамилијата.
На 12 април следува нов пораз и одговорност за целиот криминал. Режим никогаш повеќе!