Авганистанската Изборна комисија денеска го прогласи Ашраф Гани за победник на претседателските избори, одржани пред пет месеци.
Независната изборна комисија соопшти дека Абдулах Абдулах го зазеде второто место.
Противниците на Гани наведуваат дека гласањето одржано на 28 септември било проследено со масовни измами, технички проблеми со користењето биометриски уреди за гласање, напади и неправилности.