Милан го победи Торино со 1:0 и ја продолжи катастрофалната серија на гостите кои запишаа петти пораз по ред во италијанската Серија А.
Клучниот момент на средбата се случи уште во 25. минута кога Ребиќ реализираше на асистенција на Кастилјехо, продолжувајќи ја својата голгетерска серија во дресот на Милан. Тоа за Хрватот беше петти гол на пет последователни натпревари.
Торино не успеа посериозно да се закани кон голот на Донарума и со уште едно лошо издание ги загрижи фановите, бидејќи тимот предводен од Лонго е се поблиску до екипите од опасната зона.
Од друга страна, Милан стигна до 35 бодови колку што имаат и Парма и Верона, а тоа се десет бодови помалку од четвртата Аталанта.