Одговор на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
П: Вчера Талат Џафери рече дека обвинувањата спрема него дека им служат на ВМРО-ДПМНЕ затоа што не беше иземен имунитетот на Трајко Вељановски и Крсто Муковски излегле од СДСМ, дали вие ги поттикнувавте овие обвинувања кон Талат Џафери и дали и вие соработувавте со ВМРО-ДПМНЕ?
-Ставот на СДСМ секогаш го кажува претседателот на партијата Зоран Заев. До овој момент нема нешто такво кажано од страна на Зоран Заев, а секако ние како партија повикуваме на одговорност за секој кој се огрешил пред законите. Практично таква беше и ситуацијата со Законот за Јавно обвинитлество со кој му помагаме на судството и обвинителството да постапи по предметите на СЈО, обезбедивме и континуитет во постапките, и ветивме дека за секој коишто ќе се докаже во транспарентна постапка базирани на докази дека го прекршил законот ќе си одговара согласно законите во Република Северна Македонија
П: Заев вчера најави 1, 2, 3 и 6 изборна единица ќе има кандидати Албанци дали ова значи дека има договор со БЕСА и ДПА и дали имаат понуди двете партии?
Во однос на коалицијата има просотор уште и се разговара, кога ќе биде донесен конечен став околу пред изборни коалиции секако ќе бидете запознаени. Сепак тоа не мора да се врзува само доколку имаме коалиција со албанска партија тогаш евентуално би имале и кандидати на нашите листи. СДСМ е партија на сите граѓани, не е националистичка партија, ние сме отворени. СДСМ има потпретседател Албанец имаме и други функционери низ институциите и СДСМ е спремна и пратично е реализатор на концептот на едно општество за сите, а тоа е богатството на СДСМ и како таква ќе остане.
П: Има ли некоја понуда од двете партии?
Не би шпекулирал пред време ќе дојде ред кога ќе се разговара во рамки на телата и органите на партијата и вие ќе бидете навремено запознаени.
П: Дали се почнати внатре партиски процедури за носители на изборните листи и за кандидатиските листи за пратеници?
Процедурата околу кандидирање и евидентирање на идните кандидати за пратеници секако дека е отпочната. СДСМ дава можност секако на базата од последната клетка на партиското функционирање, а тоа се Месните одбори да предлагаат нивни кандидати од местата од кадешто тие се наоѓаат и како отворена партија даваме можност за сите кои ги препознаваат политиките на СДСМ по пат на самокандидирање да поднесат кандидатури во партијата. Околу носителите на листи секако ќе очекуваме кога ќе дојде ред на Конгресот на СДСМ кој е највисок орган на одлучување на партијата да бидете запознаени, пред тоа би било неблагодарно и непринципиелно од една одговорна партија да шпелулира со било какви информации.
П: Кога ќе биде Конгресот?
Очекуваме да биде од 8 до 12 март.