Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го помилува поранешниот гувернер на Илиноис, кој е во затвор поради изнуда, подмитување и корупција, пренесе американската телевизија Еј-Би-Си.
62-годишниот член на Демократската партија веќе осум години е во затвор, а е осуден на 14 години, бидејќи се обидел да продаде место во Сенатот, кое до изборите за претседател на САД му припаѓало на Барак Обама.
Трамп, во неколку наврати, тврдеше дека Благојевиќ е преостро казнет и веќе во август минатата година најави дека ќе го помилува некогашниот гувернер на Илиноис.