Аталанта и Лајпциг на чекор до четвртфиналето во Лигата на шампионите

Италјанскиот фудбалски калчолигаш Аталанта и германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг се на чекор од четвртфиналето по првите осминафинални дуели во елитното клупско наптпреварување Лигата на шампионите. Најпријатното изненадување Аталната на неутрелен терен во Милано, бидејќи во Бергамо неможе да игра натпревари од овој ранг, ја растури шпанската Валенсија (4:1) и во реваншот на 10 март им преостанува само рутински да ја претворат убедливата победа во пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите. Серијата добри игри на гостинските натпревари ја продолжи Лајпциг, против минатосезонскиот финалист Тотенхем со удар од белата точка (1:0) кој на крајот од овој двомечот може да биде и решавачки.

Валенсија пред дуелот со Аталната негодуваше на лошиот терен на „Сан Сиро“ и на крајот настрада (4:1) од дебитантот во ЛШ, Аталанта. По првото полувреме тимот од Бергамо имаше водство од 2:0. Хатебер и Иличиќ ја погодија противничката мрежа, а набрзо по паузата, на почетокот од второто полувреме Валенсија уште на двапати ја вадеше топката од својата мрежа по ударите Фројлер и Хатебер кој вотрпат се запиша во листата на стрелците. По убедливото водство (4:0) Аталанта, дозволи гостинот Валенсија да постигне само гол за искра надеж дека се не е готово, преку Черишев.

РБ Лајпциг на „Вајт Харт Лејн“ со предност ќе го дочекаат реваншот на домашен терен против составот на Жозе Мурињо. Голот на одлука беше постигнат во 58 минута. Бен Дејвис направи прекршок за пенал, а судијата Џунејт Чакир покажа на белата точка. Тимо Вернер рутинирано ја смести топката зад грбоит на голманот Јорис.

 

Треба да знаете
Последни објави